Диња – свежина и здравје во летните денови

364

Некои луѓе не го сакаат вкусот на дињата, некои, пак, едноставно го обожаваат, како и да е мораме да се согласиме во едно, дињата е совршена храна, која нуди свежина и здравје за летните денови

Дињата содржи големо количество вода и минерали, а тоа е идеално за топлите летни денови, кога организмот е подложен на постојана дехидрација. За дињата и за лубеницата се смета дека потекнуваат од Индија или од Америка, а се ставени во групата овошја. Дињата се употребува во исхраната во скоро сите земји во светот. Ја има во разни видови низ светот, а на пазарот можеме да ја најдеме во периодот мај-септември, што значи дека сезоната на дињата е веќе почната.


Дињата е растение што спаѓа во групата нискокалорични намирници, како што веќе кажавме содржи многу вода и минерали, но содржи и многу други состојки што ја ставаат дињата во категоријата овошја со голема лековите моќ.
Најважните состојки што ги содржи дињата се:

– бета каротен, растителни влакна, растителни масти;
– витамин, А, Б, Е, Ц, железо;
– етерични масла;
– калциум, калиум, магнезиум, натриум, манган, селен, цинк;
– органски киселини;
– пантотенска киселина;
– сулфур, фосфор и др.

Во исхраната се користи плодот од дињата, но од дињата може да се направи и сок, кој е навистина здрав и делотворен, особено во летните денови.

Како што веќе споменавме, дињата е навистина лековито растение, а помага при:

– акни, алергии, анемии;
– главоболка, дијабетес, импотенција;
– проблеми со: крвен притисок, метаболизам, црева, простата;
– хемороиди, стрес, скорбут, синузит;
– проблеми со тироидната жлезда и др.

Дињата е плод што навистина ви е потребен во летните денови. Таа навистина може да ве освежи, а наедно и на вашиот организам да му даде сѐ што му е потребно за целиот ден. Консумирајте диња секогаш кога можете, бидејќи таа навистина има што да ви понуди.