Децата од Германија донираа за децата од Македонија

173

Децата од Германија им даруваа новогодишни пакети на децата од Македонија. Подароците всушност беа наменети за болните дечиња на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, кои вчера се израдуваа на неочекуваната посета.

Претставници на организацијата „Адра“ им ги поделија пакетите на дечињата пациенти на оваа клиника, за и тие да ја почувствуваат магијата на Нова година и божиќните празници. Од хуманитарната организација „Адра“ велат дека повеќе години подаруваат новогодишни пакети за децата на кои им се најпотребни љубов и внимание, а чиј број досега изнесува 5.000 пакети. Подароците измамија насмевки и радост кај децата пациенти на Универзитетската клиника за детски болести, а донаторите им посакаа многу здравје и брзо оздравување.