Два плана за спасување на децата во Тајланд

878

Спасувачите формулираа два плана за извлекување на тимот од 12 деца-фудбалери и нивниот тренер, кои се заглавени во длабока и долга пештера во Тајланд. Според првиот план, децата ќе мора да нуркаат зашто меѓу нив и влезот на пештерата има најмалку две поплавени комори. Вториот план предвидува да се издупчи отвор до местото каде што се заглавени, но постои опасност пештерата да се урне и да ги затрупа децата при дупчење.


Во спасувачките напори вчера почина искусен тајландски нуркач, што само потврдува колку е опасна операцијата. Нивото на кислород во пештерата се намалува, а метеоролозите најавуваат нови врнежи. Некои експерти сметаат дека децата може да останат заглавени и до 4 месеци, додека еден спасувач вчера изјави дека операцијата може да почне за 1-2 дена зашто секој миг постои опасност од нови поплави.