Германија околу 20-то место, но Франција е „шампион-рекордер“

111

Репрезентацијата на Германија ќе го забележи својот убедливо најслаб пласман на светските фудбалски првенства, бидејќи со трите бода и четвртото место во групата Ф на Мундијалот во Русија нема да може да биде подобра од 20-то место. Досега најслаб пласман на Германија на мундијалите е 10-то место на Светското првенство (СП) во 1938 година.

Откако светските првенства се играат со по 32 репрезентации (од 1998 година), од шампионите што на следното СП ја бранеле титулата, Шпанија во 2014-та беше 23-та, Италија во 2010-та го освои 25-то место, Бразил во 2006 беше петти, а Франција на СП 2002 беше на 28-та позиција. Франција беше светски првак во 1998 година, но четири години подоцна групната фаза ја заврши на последното место во групата А, со еден бод и без постигнат гол.