Во Штип фестивал на претстави за деца „Малиот принц“

73

По едногодишна пауза, центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип повторно го организира фестивалот на претстави за деца „Малиот принц“, кој почна во неделата, на 22 септември, а ќе трае до 26 септември.

Според организаторите, одржувањето на фестивалот во континуитет ја гради и надградува љубовта кон театарот и театарската уметност кај децата, кои потоа се постојана и најблагодарна театарска публика.

Ќе бидат одиграни претставите. „Том Соер“ на Театарот за деца и млади од Скопје, „Пипи долгиот чорап“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица, „Волшебникот од Оз“ на националниот театар од Охрид и „Шушкава приказна“ на Театарот од Штип.