Во Кавадарци бесплатно лизгање за учениците до крајот на февруари

97

Како и во Скопје и други градови во земјава, нова зимска рекреативна можност добија и учениците од основните и средните училишта во Кавадарци, со добивањето на првото лизгалиште во градот, како најубав подарок за новогодишните празници. Новото лизгалиште е лоцирано веднаш до тениското игралиште кај спортската сала „Јасмин“, а го обезбеди локалната самоуправа.

Учениците од основните и средните училишта во градот ќе можат до крајот на февруари бесплатно да се лизгаат, а во стекнувањето на вештините во лизгање на мраз ќе им помагаат стручни лица, кои ќе бидат обезбедени преку Сојузот на спортови на Кавадарци. Радоста беше неизмерна, како и возбудата на лицата на младите љубители на овој зимски спорт.

– Ќе уживаме во зимските радости за време на зимскиот распуст што следува, независно од тоа дали ќе има снежни врнежи – велат младите кавадарчани.
Пуштањето во функција на првото лизгалиште во Кавадарци го поздравија и наставниците по физичко и здравствено воспитување и претставниците од Хокеарската федерација на Македонија, истакнувајќи ги предностите за развој и зајакнување на зимските спортови во државата.

Децата имаат на располагање 300 лизгалки, а влезницата е 100 денари.