Во Бутел отворена изложба на народни носии

1771

Во општината Бутел се отвори културната манифестација „Цветници 2018“. Поточно, станува збор за изложба на триесетина народни носи од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора, сите на колекционерката Достана Караѓозовска Станковска. На оваа етно-изложба се презентирани и ракотворби (везаници и ткаеници) на членовите на ЗУР „Арти Крафт“, кои се инспирирани од народното богатство на Македонија.

Свеченото отворање на изложбата беше придружено и со настапот на членовите на културно-уметничкото друштво „Плетеница“ со повеќе изворни народни песни во изведба на хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на општината Бутел. Изложбата „Цветници 2018“ ќе биде отворена до 20 април 2018 година.