Во Богданци е во тек 12-та графичка работилница „Софија“

41

Во Богданци деновиве се одржува дванаесеттото издание на меѓународната графичка работилница „Софија“, каде што, според организаторите, учествуваат дел од најталентираните млади графичари од регионот.

– Целта на работилницата е едноставна, да се популаризира графиката како начин на уметничко изразување и да се разменат искуства меѓу младите графичари од различните графички академии од регионот – посочија меѓу другото организаторите од истоименото здружение на граѓани од Богданци. На главната сесија годинава учествуваат 14 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Осиек, Сараево и Софија.

Ментор на работилницата е Марио Чаушиќ, вонреден професор на Академијата за уметност и култура во Осиек, Хрватска, а асистенти се Виктор Семенпеев, Сања Жигиќ и Ана Димчевска Семенпеева. На 2 септември во изложбениот простор на работилницата ќе се одржи завршната изложба на создадените дела.