Внесете свежина во вашиот дом со помош на жолта боја

268

Жолтата боја е една од најблагодарните и најубави бои со кои можете да го декорирате и уредите вашиот животен простор. Било да се одлучите за бојадисување на еден од ѕидовите, кој ќе претставува фокус на целата просторија или ќе ги обоите сите ѕидови во жолто, нема да погрешите. Единствено на што треба да обрнете внимание е нијансата на жолтата боја со која ќе ги боите ѕидовите. Во продолжение ќе ви презентираме неколку совети како да се инспирирате за вашето следно уредување на домот.

1. Работна соба
Жолтата боја е позната како боја на мудроста и на творештвото. Таа ја поттикнува комуникацијата и ве држи активни, па затоа жолтите ѕидови се најпрепорачливи за работната соба или за канцеларијата. Ако не сте одлучни за целосна промена на бојата на ѕидовите доволно е при уредувањето на просторијата да внесете неколку детали во оваа прекрасна боја.

2. Декор
Тапети, постелнина, перници, завеси… Со овие детали во жолта боја можете целосно да го промените изгледот на вашата соба и да внесете ведрина. Топлата жолта боја секогаш е идеален избор.

3. Различни нијанси
Многу е важно какво значење имаат различните нијанси на жолтата боја. Бледите и пастелните тонови на жолтата боја смируваат, па се препорачуваат за спалната и за детската соба. Светлите тонови се идеални за истакнување на еден дел од просторијата или на парче мебел што се наоѓа во тој простор.

4. Жолта и бела
Овие две бои сочинуваат совршена комбинација. Белата ја неутрализира жолтата, додека, пак, жолтата ѝ дава живост на белата. Затоа, одлична комбинација се жолти ѕидови со бели детали или обратно. Исто така добра комбинација се прави со жолта и со сива боја.

5. Цвеќе
Акцентирајте ги и украсете ги дневната соба, кујната или трпезаријата со жолт букет цвеќе, кој ќе внесе свежина во кој било дел од просторијата и да го ставите.

6. Акцент
Не морате целосно да ги бојадисате ѕидовите во жолта боја за да внесете топлина во вашиот дом. Доволно е да обоите само некој детаљ, на пример, оградата на скалите, повлечете хоризонтална линија под таванот, можете да ги обоите само столбовите или само да внесете неколку жолти декоративни елементи.

7. Жолта наместо сонце
Жолтата боја може визуелно да ги осветли мрачните простории до кои не доаѓа доволно сончева светлина.
Жолтата боја е одлична за ходниците и за претсобјата во становите, бидејќи на тие делови речиси никаде нема прозорци, па единствен извор на светлина е светилката. Светилката во комбинација со жолта боја на ѕидовите прави совршен сончев ефект.