Вештачки мамки, мушички и зајачко уво

134

Бојата, звукот и формата на некои мамки, нивната големина, па и мирисот, се битни фактори што на риболовецот му помагаат во неговата вечна намера да ја наведе рибата да направи грешка

Секоја голема група на вештачки мамки има нешто што ја издвојува од другите такви мамки, што ја карактеризира и што ѝ дава одредена предност во водата. Кај мамките од мека пластика, во прв ред е нивната флексибилност. Сите грабливци имаат една заедничка особина, а тоа е дека сите „паѓаат“ на движење. Бојата, звукот и формата на некои мамки, како и нивната големина и мирисот, се битни фактори што на риболовецот му помагаат во неговата вечна намера, а тоа е да ја наведе рибата да направи грешка.

Сепак, во сето ова, движењето е најважно. Водената струја или минувањето на мамките низ водата, било да станува збор за сосема едноставно тонење или тоа да е предизвикано од страна на риболовецот со смирување на струните помеѓу врвот на рибарскиот стап и вештачката мамка, прават мамките од овој вид да станат магично подвижни и тие движења да личат на движење на суштества што живеат во и околу водата.

Вештачките мушички се, исто така, значаен дел од рибарската приказна. Ова се однесува на вештачките мамки, кои со својот изглед потсетуваат на вистински инсекти со кои се хранат рибите.
Една од најсигурните мушички за лов на пастрмки на секоја река е т.н. зајачко уво. Постојат многу верзии за оваа мушичка, на кои, пак, заеднички им е материјалот од кој им е изработено телото. Обично под „уво“ се подразбира малку поширок појас на главата, односно лицето на европскиот зајак.

Во текот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век, вистинска револуција во врзувањето на мушичките, а употребувајќи еленско влакно, предизвика американскиот риболовец Дон Гапен.
Малку вештачки мушички што имаат толку многубројно и различно „потомство“ како што е мушичката мудлер минов. Во текот на 60-тите и 70-тите години на 20 век, таа предизвика вистинска револуција во врзувањето на мушичките, ширејќи ја употребата на исклучително корисниот материјал, каков што е еленското влакно.


Животните и нивниот вид

Ако ловџијата стои 10 метри оддалечен од своето куче, зад стаклена врата, тоа едвај ќе го препознае, но ако стои зад дрвена врата, по мирисот ќе почувствува каде е неговиот господар

Како гледаат животните, на пример, ловџија или некоја одредена појава при ловот? Да претпоставиме дека до ловџијата седи друг ловџија, пет метри оддалечен од него. Сенките на нивните лица и облеката тие не ги гледаат меѓусебно само во црно-бело, туку и до најфините нијанси на бои, а притоа и тридимензионално. Од иста оддалеченост, окото на ловџиското куче го гледа својот господар многу матно или, поточно, тоа може својот господар многу подобро да го препознае преку мирисот отколку со очите. Ако ловџијата стои 10 метри оддалечен од своето куче зад стаклена врата, тоа едвај ќе го препознае, но ако стои зад дрвена врата, по мирисот ќе почувствува каде е неговиот господар.

Окото на мачката на пример гледа ноќе на малку изненадувачки начин. Мачката го гледа во темница мошне прецизно сето она што окото на човекот може само да го насети, но затоа, пак, на дневна светлина таа гледа на многу мала далечина, предметите за неа се нејасни, исто како кога ловџијата би ставил очила што не му одговараат на неговиот вид.

Многумина се изненадени со сознанието дека окото на коњот не може да ја оцени далечината. Тој гледа точно како окото на мало дете, но несразмерно и многу зголемено. Кога коњот го гледа својот господар во непосредна близина, неговиот лик му е многу зголемен, а заднината, пак, останува невидлива. Петелот гледа многу слабо и затоа изразот „кокошкино слепило“ не е залудно измислен. Ноќе кокошките не гледаат ништо, па поради тоа се лесен плен за лисиците.
Видот на јастребот е многу посилен од човечкиот. Тој може од 150 метри височина, па и повеќе, да забележи глушец што бега низ полето. Кога оваа неверојатна моќ на гледање би се применила на човекот, таа способност би била еднаква на читање весник на оддалеченост од 10 метри.

Бувот е изразито ноќна птица, има очи што се многу осетливи на светлина, но не е способен таа чувствителност да ја ограничи дење. Тој го гледа ловџијата исто како кога тој од темен простор одеднаш ќе зачекори во светлост, која просто заслепува. Окото на мувата, пак, е составено од многу ситни делчиња, кои се одвоени едно од друго, па затоа изгледа дека таа гледа сѐ како низ сито или мрежа од жица. На оддалеченост од еден или два милиметра, кога мувата е на човековата рака, таа ја гледа кожата на раката на човекот толку зголемена исто како кога човекот би ја гледал под микроскоп.