Велигденски додаток за пензионерите

191

Кабинетот на бугарскиот премиер Бојко Борисов деновиве треба да одлучи дали да ги прошири велигденските додатоци на пензиите.

– Надлежните служби ги разгледуваат финансиските можности, а за оваа намена од државниот буџет е потребно да се одвојат дополнителни 50 милиони лева што ќе ги покријат трошоците за државното социјално осигурување – велат од Министерството за финансии.

Минатата година, надоместоци од 40 лева (20 евра) им биле исплатени на нешто повеќе од 1,2 милион пензионери со пензии под 314 лева.