Велешкиот театар со „Тоалет за дами“ гостува во Драмскиот театар

1191

Актери од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва на сцената на Драмскиот театар во Скопје ќе ја изведат претставата „Тоалет за дами“ во режија на Деан Дамјановски. Претставата е работена според истоимениот драмски текст на познатиот венецуелски автор Родолфо Сантана и ги проблематизира личните односи и проблеми на десет жени, еден трансвестит и еден маж што се среќаваат во тоалетот на еден ноќен клуб. Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а музички соработник на претставата е Сашко Костов. Настапуваат актерите Кица Ивковска, Васил Зафирчев, Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Зорица П. Панчиќ, Весна Димитровска Бобевски, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски.