Велешкиот театар со две награди на фестивал во Русија

65

Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес со претставата „Вдовицата се мажи“ ги доби наградите за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл на интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, Русија. „Вдовицата се мажи“ работена според едночинката „Мечка“ на А.П. Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски е комедија на карактери, која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот што честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.

Во претставата играат актерите: Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирнов и Младен Крстевски како Лука. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.