„Вдовици“ од Меквин пристигнува во кината

58

Конечно во нашите кина пристигнува новиот крими-трилер „Вдовици од Меквин, режисерот на: „Глад“, „Срам“ и „12 години ропство“. Филмот доби одлични критики, како од критичарите, така и од публиката и од страната „Ротен томатос“. Покрај оскаровката Виола Дејвис и опасната Мишел Родригез, која е позната по серијалот „Брзи и бесни“, во филмот играат и Лијам Нисон, Колин Фарел, Даниел Калуј, Џон Бертнал и Роберт Дувал.

Приказната следи личности од различни расни, социјални и економски слоеви на општеството, кои поради проблемите во кои запаѓаат нивните семејства, се решаваат да ги земат работите во свои раце. Дејството се одвива во корумпираното Чикаго во денешно време, а инспирацијата на режисерот Стив Меквин е произлезена од истоимената оригинална серија, која пред повеќе од 30 години ги воодушевуваше гледачите.