Бродот „Аквариус“ на „Ес-о-ес Медитеран“ собра 692 мигранти

91

По Италија, и Малта потврди дека нема да го прифати бродот на француската невладина организација, кој пренесува над 600 мигранти и веќе неколку дена плови во Средоземно Море. Бродот „Аквариус“ на организацијата „Ес-о-ес Медитеран“ собра 692 мигранти во шест спасувачки операции во Средоземно Море ноќта помеѓу саботата и неделата. Италијанските медиуми пренесуваат дека во моментот бродот плови меѓу Малта и Сицилија, во обид да добие дозвола од некое пристаниште.