Брестовац одбра 19 ракометари за двомечот со Исланд

252
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, го скрати списокот и ги објави имињата на 19-те ракометари на кои ќе смета за двата претстојни квалификациски натпревари со селекцијата на Исланд, за пласман на Европското првенство во 2020 година.

На овој список на селекторот има двајца дебитанти, и тоа десниот бек Томислав Јагуриновски и левото крило Бојан Маџовски, двајцата од Металург, како и еден повратник во репрезентацијата, искусниот дефанзивец Милорад Куковски од Еурофарм Работник.

Репрезентативниот собир е закажан за понеделник, во 13.30 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Првиот дуел Македонија треба да го игра на 10 април, на гости во Рејкјавик, а реваншот е четири дена подоцна во Скопје.

По две кола, Исланд води во групата 3 со четири бода, Македонија и Грција имаат по два, а Турција е без бодови. Во истите термини меѓу себе ќе играат Грција и Турција. На Европското првенство ќе се пласираат по две најдобри репрезентации од секоја од осумте групи, како и четири најдобри меѓу третопласираните репрезентации. Директен пласман обезбедија европскиот првак Шпанија и селекциите на трите земји-домаќини на континенталното првенство – Норвешка, Шведска и Австрија. 


СОСТАВ
ГОЛМАНИ
Борко Ристовски Бенфика (Португалија)
Никола Митревски Констанца (Романија)
КРИЛА
Дејан Манасков Веспрем (Унгарија)
Гоце Георгиевски Букурешт (Романија)
Мартин Поповски Вардар
Бојан Маџовски Металург
Димитар Димитриоски Металург
БЕКОВИ
Кирил Лазаров Нант (Франција)
Филип Талески Левен (Германија)
Велко Маркоски Констанца (Романија)
Мартин Серафимов Металург
Марио Танкоски Металург
Томислав Јагуриновски Металург
Горан Крстевски Еурофарм Работник
Филип Кузмановски Еурофарм Работник
Милорад Кукоски Еурофарм Работник
ПИКЕРИ
Стојанче Стоилов Вардар
Жарко Пешевски Мотор (Украина)
Никола Маркоски Еурофарм Работник