Блатер ги критикува одлуките за ВАР и за СП со 48 селекции

1232

Сеп Блатер (82), поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), смета дека „не е многу паметна“ одлуката на Светското првенство во Русија годинава да се користи системот видеопомошник-судија (ВАР). – За некој што е за напредок на фудбалот, а јас сум таков, вклучувањето на ваков систем како ВАР е пребрзо. Повеќето од судиите никогаш не работеле со системот. Да се оди на СП со ВАР не е многу паметна одлука. Не се чувствувам комфорно, дефинитивно, а ниту гледачите – ја пренесува Би-би-си изјавата на Блатер, под чие раководство на мундијалите во 2014 година дебитира технологијата за надгледување на гол-линијата.

Блатер изрази загриженост и за идниот систем на натпревари со 48 репрезентации на светските првенства од 2026 година. – Ќе видиме што ќе се случува со 48 селекции, но една работа не смее да биде направена, а тоа е да има групи со по три репрезентации, бидејќи имавме таков проблем на СП 1982 во Шпанија. Во група со три селекции секогаш има една што е гледач – вели Блатер.