Благој Чоревски добитник на наградата „Св. Јоаким Осоговски“

75

Истакнатиот македонски актер Благој Чоревски е годинашен добитник на единствената награда на меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што јубилејно десетти пат ќе се одржи од 14 до 22 септември во Крива Паланка.

– Престижното признание „Свети Јоаким Осоговски“ е голема чест од повеќе причини. Најпрвин поради фактот што го носи името на еден исклучително значаен светец во православието во светот, кој бил познат и по своите исцелителни моќи, потоа заради огромното духовно и културно значење на еден од најубавите манастири во Македонија и секако затоа што сум вклучен меѓу знаменитите досегашни добитници на оваа награда: Милица Стојанова, Мето Јовановски, Зафир Хаџиманов, Јордан Плевнеш, Јелена Жугиќ, Петар Темелковски, Шенка Колозова – вели Чоревски.

Годинава на фестивалот ќе бидат изведени осум претстави со театри од Македонија, Србија, Хрватска и од Бугарија, а во придружната програма ќе бидат промовирани неколку книги од областа на театарот и ќе бидат отворени неколку изложби на фотографија.