БиХ на листата на најопасни земји за ЕУ

166

Европската Унија во текот на 2017 година забранила влез во своите земји-членки за 20 опасни личности од Босна и Херцеговина, се наведува во новиот извештај на европската агенција за обезбедување на границата Фронтекс. БиХ се наоѓа на деветто место на листата по бројот на лицата со забрана за престој, веднаш зад Мароко. Прва на листата е Украина со 134 личности, кои претставуваа „закана за јавната политика, внатрешната безбедност, јавното здравје или на меѓународните односи на една или повеќе држави членки на ЕУ“.

Лани, влезот во земјата на ЕУ беше забранет за вкупно 3.775 државјани на БиХ.
На првите три места според бројот на одбиени лица за влез во ЕУ се Украина (37.177), Русија (36.342) и Албанија (32.071). Овие податоци се објавени во рамките на обемното истражување под називот „Анализа на ризикот за 2018“.

Во документот се наведува дека во текот на минатата година на западнобалканската мигрантска маршрута бил забележан пад на бројот на нелегалните преминувања на границата за 91 отсто во однос на претходната година, а илегалните преминувања изнесувале 12.178.