Белиот слон се третира како крал во Тајланд

127

Ваквото верување потекнува од митскиот бел слон Аирвате, или Еравана, како што го нарекуваат Тајланѓаните, кој го користел кралот на хиндуистичките богови Индра

Белиот машки слон по име Плаи Екатаи, кој има 33 години, од минатата година се третира како божество и треба да му биде подарен на тајландскиот крал Маха Вадзиралонконку. Слонот се наоѓа во отворениот конзерваторски центар во североисточниот дел од Тајланд, каде што е под надзор на портрет од кралот Маха, пренесува Ројтерс.

– Нема поголема чест од грижа за слонот што наскоро ќе му биде подарен на кралот – изјави раководителот на центарот Танабаде Промсок, кој на слонот му се обраќа со „ваше височество“ и секојдневно се поклонува пред него.

Плаи на тајландски значи слон, а слоновите што се бели се многу ретки и се посебно почитувани во нивната земја, затоа што се сметаат за симбол на кралството и се третираат како божества.

Ваквото верување потекнува од митскиот бел слон Аирвате, или Еравана, како што го нарекуваат Тајланѓаните, кој го користел кралот на хиндуистичките богови Индра.
– Според верувањето на тајландските будисти, подарувањето на белиот слон се поврзува со моралниот авторитет на монархот, чија способност е привлекување вакви божества, еден од показателите на нивната божествена природа. Будистичките кралеви поседуваат бели слонови за да го покажат и докажат својот легитимитет – изјави антропологот на универзитетот „Којото“, Едоаредо Сиани.

Таткото на сегашниот крал, кралот Бумибол Адуладеј, во текот на своето владеење од седум децении, добил 10 бели слона. Тој починал во октомври 2016 година.

Иако не е албино, Плаи Екатаи е бел, што симболизира на чистината на тајландската традиција.

Белиот слон според древните текстови има седум карактеристики, и тоа бели очи, бели меки непца, бели нокти, бела коса, бела кожа и бели гениталии.
Плаи Екатаи доаѓа од јужниот туристички град Краби, каде што бил принудуван туристите да го јаваат и да влече и носи на грб дрвени трупци.
Раководителот на центарот Танабаде го купил во 2010 година и поминале 1.200 километри до градот Маха Шарахама, каде што се наоѓа центарот.
За ова животно секој ден има предвидено едночасовен тренинг, односно физичка активност, потоа туширање, по што неговиот изглед и светла кожа добиваат посебен сјај.

Слонот цело време го поминува со својот махут, Вишиан Пратумди (44), кој освен што се грижи за неговата хигиена, го опсипува со бакнежи и прегратки.

– Ова е голема чест за секој махут. Благодарен сум многу што сум одговорен да се грижам за него. Ова е чудо на мојот живот, голема среќа – вели Вишиан, кој во изминативе 16 години се грижел за повеќе од 500 слона.

Посетителите на центарот веруваат дека слонот им носи среќа и поради тоа секојдневно одат да го посетат.

Сѐ уште не е одреден датум кога Екатаи ќе биде официјално прогласен за кралски бел слон. А тоа ќе биде прв случај на вакво прогласување во земјата од 1978 година. Дотогаш Танабаде и Вишиан ќе направат сѐ што е во нивна можност слонот да се чувствува пријатно.

– Тој докажа дека е вистински крал на слоновите. Застрашувачки е, но полн со морално сочувство. Тој е сѐ што еден слон може да биде – изјави Танабаде.