Барса 39 меча без пораз!

1235

Барселона колку-толку се рехабилитира по шокантната елиминација од Рома во Лигата на шампионите (ЛШ) со триумфот над Валенсија во дербито на 32. коло со 2-1. Со тоа Барса стана рекордер со 39 меча во низа без пораз во шпанската Ла лига, еден повеќе од Реал сосиедад (1979/1980 и 1980/1981) и е пред редок подвиг, без пораз да ја заврши сезонава (моменталниот ефект е 25 победи и седум ремија). Барселона и натаму е лидер со 82, 14 повеќе од Атлетико (и меч помалку) и за освојување нова титула ѝ се потребни уште седум бода.