Ајде да се насмееме

61

Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш – го прашуваат малечкиот Кире.
– Учител или ѕидар.
– Зошто?
– Затоа што учителот не работи лете, а ѕидарот зиме.

* * *

– Што правиш, Томче – го прашува мајка му.
– Пишувам писмо до моето другарче Саше.
– Па, ти не знаеш да пишуваш!
– Па, ни тој не знае да чита.
* * *

– Каде купува храна Супермен?
– Па, се знае, во супермаркет!

(Од книгата „Антологија на 500 најубави вицови за деца“ на Војче Китаноски)