Акција за чистење на дивите депонии на Калин Камен

107

Извидничкиот одред „Наум Наумовски-Борче“ од Крива Паланка, на 12, 13 и 14 октомври 2018 г., на локалитетот Калин Камен, ја спроведе четвртата активност од проектот „Младински платформи за одржлива заштита на природата“, кој финансиски е поддржан од буџетот на општината Крива Паланка.

Главна цел на оваа теренска активност е делумно отстранување на веќе мапираните диви депонии и поставување садови за отпадоци во околината на туристичкиот локалитет Калин Камен. Во реализацијата на активноста учествуваа триесетина млади луѓе, при што беа собрани сто вреќи ѓубре и беа поставени десет сада за отпадоци. Исто така пред присутните беа презентирани и убавините на туристичкиот локалитет Калин Камен и Осоговските Планини.