Аголни гарнитури – идеален мебел за дневната соба

1479

Аголните гарнитури секогаш се во тренд кога е во прашање уредувањето на ентериерот. Без разлика на бојата, обликот или материјалот од кој се изработени, тие идеално се вклопуваат во секоја дневна соба.

Црна, сива и бела аголна гарнитура совршено се совпаѓаат со секој мебел во домот, но доколку сакате да внесете малку свежина и ведрина во домот, тогаш слободно експериментирајте со жолта, сина или црвена аголна гарнитура.
Доколку вашата соба е помала, изберете гарнитура со еден аголен дел, а таа е совршена и доколку имате и дополнителни елементи како табуретки или фотелја. За разбивање на монотонијата, секогаш додајте перници во различни и јаки бои.
Доколку сте љубител на луксузен ентериер, неизбежни се кожените гарнитури, особено оние во црна и бела боја.

Во Г-облик
Ова е најпопуларниот облик на аголна гарнитура, од причина што е многу удобна и дејствува како да го прават просторот поограничен и одвоен од остатокот од собата, што е особено добро доколку поседувате поголема отворена површина. Аранжирајте го остатокот од мебелот околу гарнитурата, додавајќи столчиња (табуретки) или удобна фотелја како би создале идеален простор за уживање и разговор. Одберете силни бои и интересна поставеност заради креирање прозрачност и ширина на вашиот простор.

Во П-облик
Ова исто така е популарен облик на повеќеелементен мебел во форма на буквата П. Ваквите аголни гарнитури внесуваат симетрични детали, кои ги прават идеални за не многу големи површини, кои поради нив ќе изгледаат поголемо. Доколку просторот е навистина мал, важно е гарнитурата да биде во што посветла боја. Останува само да поставите мала масичка за кафе во средината и да уживате во опкружувањето.

Долги составни
Ваквиот мебел е идеален за дневни соби што по форма се долги и тесни и во кои не е можно да се стават гарнитури во Г и П-облик. Долгите композициски гарнитури можат да креираат извонреден амбиент со боите и текстилните текстури, обезбедувајќи повеќе простор за седење и функционалност на простран дневен кревет.

Тркалезни
Денес доста често се сретнуваат и симпатични тркалезни составни гарнитури. Тие можат да бидат долгнавести со заоблени краеви, речиси слично на П-гарнитурите, кои можат да се составуваат и распоредуваат во зависност од желбите и просторот што го имате. Овој облик на гарнитура секогаш привлекува внимание и станува највпечатлив дел од вашиот ентериер.