Аган Сулимани – фудбалска надеж на Куманово

111

Аган Сулимани (12) првпат почнал да игра фудбал кога имал девет години и со својот голем фудбалски талент. За нецели четири години успеа да го привлече вниманието на фудбалските работници, но и на љубителите на фудбалот во Куманово.

Во моментот Аган е член на фудбалската екипа Гоблен јуниор, која од оваа година е дел од Македонската втора фудбалска лига, каде што игра на позицијата – играч за врски. За екипата на Гоблен јуниор настапува во детската лига на Македонија, која опфаќа млади играчи до 13 години. Последните три години во клубот тренира и работи под водство и менторство на тренерот Мустафа Ебиби, кој е и еден од најзаслужните што Аган успешно напредува и ги открива тајните на фудбалската игра. Според прогнозите, доколку продолжи со истото темпо, може да израсне во квалитетен и голем фудбалер.

Освен што е голем фудбалски талент, Аган е и добар ученик во ООУ „Бајрам Шабани“ во Куманово, а неговите наставници имаат само пофални зборови за него. И тренерите што се грижат за неговите спортски активности се надеваат дека малиот спортист еден ден својот талент ќе го преточи во вештини што ќе му помогнат да стане успешен фудбалер.    Т.Д.