Автокефалната надеж живее

215

Патот кон Брисел и патот кон православното семејство, за жал, се поплочени и со голема доза политика. Иако можеби за евроинтеграциите е разбирливо, бидејќи станува збор на сојуз од држави, кои имаат свои политички интереси, а одлуките ги носат политичари, кои калкулираат со интересите, сепак неразбирливо е кога на црковниот пат кон автокефалноста треба да се поминуваат политички бариери. Македонската православна црква – Охридска архиепископија од својата автокефалност, во 1967 година, досега постојано растеше и се развиваше. Чекајќи го признавањето, таа реално созреваше во секој аспект што треба да го има една автокефална црква

Државата оптимистички очекува почеток на пристапните преговори со Европската Унија, за да го трасира патот кон семејствата на европските вредности. Црквата, пак, гради надежи дека Вселенската патријаршија ќе опстои на ставот за решавање на македонското црковно прашање, за да стане рамноправна во православното семејство на автокефални цркви. Овие есенски денови македонската јавност ги поминува во исчекување. Дали Европската Унија ќе даде зелено светло? Дали Фанар ќе ја стави на маса македонската автокефалност?
Надежите се големи, зашто тоа се и определбите на најголем дел од граѓаните на Македонија. Иако двете теми се со сосема различен контекст и не зависат една од друга, сепак нив ги спојува определбата дека тоа е вистинскиот пат по кој треба да се оди. Членството во Европската Унија оди преку европеизација на државата, решавањето на македонското црковно прашање оди преку признавање на автокефалноста, како реалност и белег на самостојноста на МПЦ, како црква на македонскиот народ.

Патот кон Брисел и патот кон православното семејство, за жал, се поплочени и со голема доза политика. Иако можеби за евроинтеграциите е разбирливо, бидејќи станува збор на сојуз од држави, кои имаат свои политички интереси, а одлуките ги носат политичари, кои калкулираат со интересите, сепак неразбирливо е кога на црковниот пат кон автокефалноста треба да се поминуваат политички бариери.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија од својата автокефалност, во 1967 година, досега постојано растеше и се развиваше. Чекајќи го признавањето, таа реално созреваше во секој аспект што треба да го има една автокефална црква. И ако се суди низ тој процес на црковен развој, несомнено е дека МПЦ-ОА денес треба да биде прифатена како дел од рамноправните живи автокефални православни цркви. И ако тие сестрински цркви се водат од Христовата љубов, единството на црквата, важноста за спасение на верниците, тогаш ниту една не би го спорела моментот дека таа, сега непризнаена автокефалност, е зрела за верификација.

Но, секогаш има едно но!
Работите не стојат така, а главната причина е токму вмешаноста на политичките интереси на одредени црковни центри, кои со години и децении ја држат МПЦ-ОА во изолација. Секој од тие центри има свои политички интереси, кои, пак, во основа немаат ништо црковно. Таа заробеност на МПЦ-ОА меѓу политичките интереси на црковните центри не ја направи црквата во овие години послаба, туку напротив ја јакнеше нејзината структура, нејзиниот развој стануваше сѐ повидлив, во таа црква израснаа стотици монаси, заживеаја голем број манастири, кои сега се светлото што не може да го изгаси ниту еден политички интерес на кој било црковен центар.
Последните надежи за МПЦ-ОА се свртени кон Фанар и кон Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Тој ја презеде одговорноста да го решава ова прашање. Во меѓувреме остануваат отворени многу дилеми. Дали тој ќе опстои на своите принципиелни позиции? Каква автокефалност би била таа што би ја доделил тој? Како ќе реагираат црковна Москва или црковен Белград? Ќе ја признаат ли другите православни цркви нашата автокефалност? Како ќе реагираат верниците и, секако, клучното прашање е дали ова е вистинскиот пат и правилната одлука?

Последните надежи за МПЦ-ОА се свртени кон Фанар и кон вселенскиот патријарх Вартоломеј. Тој ја презеде одговорноста да го решава ова прашање. Во меѓувреме остануваат отворени многу дилеми. Дали тој ќе опстои на своите принципиелни позиции? Каква автокефалност би била таа што би ја доделил тој? Како ќе реагираат црковна Москва или црковен Белград? Ќе ја признаат ли другите православни цркви нашата автокефалност? Како ќе реагираат верниците и, секако, клучното прашање е дали ова е вистинскиот пат и правилна одлука? За дел од овие прашања, времето ќе ги даде одговорите, за дел веќе можеби одговорите се јасни. Политички интереси можеби има и во сево ова што се случува сега во православието, особено на релацијата Фанар – Москва

За дел од овие прашања времето ќе ги даде одговорите, за дел веќе можеби одговорите се јасни. Политички интереси можеби има и во сево ова што се случува сега во православието, особено на релацијата Фанар – Москва. Реакции секогаш ќе има, но во суштината е проблемите да се решаваат.

Единствен центар во православниот свет, кој сега води процес на решавање на проблемите, со преземање на целиот ризик да се соочи со доминантно најмоќната Руска црква, е Вселенската патријаршија. Затоа и нејзините интереси се далеку попринципиелни, од некои други интереси, кои посакуваат проблемите да останат дел од алатките за инструментализација во хаосот на православните цркви.
Македонската црковна јавност очекува дека Вселенската патријаршија ќе остане доследна на најавите дека ќе ја преземе одговорноста за решавање на македонското црковно прашање.

[email protected]