Во ексклузивно интервју за „Нова Македонија“, амбасадорот Џанг Ѕуо говори за најактуелните стратегиски геополитички теми, за навлегувањето на НАТО во Азископацифичкиот Регион и провокациите кон Кина, за големите предизвици со кои во моментов се соочува човештвото, за темните сенки од Студената војна што се надвиснуваат над него, за украинската криза и можните излези од неа, како и за кинескиот колосален проект „Појас и пат“ за поврзување на Азија со Европа и Африка и, секако, вклучувањето и соработката со Македонија.

– Отворено за практиката на НАТО да поттикнува конфронтација и да ја загрозува глобалната безбедност;

– Упатено строго предупредување до НАТО дека мора веднаш да престане со своето неосновано обвинување и провокативни забелешки кон Кина и да го напушти застарениот менталитет на Студената војна;

– Директни забелешки дека претходните проширувања и нарушувачките практики на НАТО беа под маската на „консолидирање на демократијата“ и „проширување на стабилноста, промовирање заеднички вредности“;

– За украинската криза и упатениот кинески повик за будење на сите сили во светот;

– За БРИКС и за ставот на кинескиот претседател Си Џинпинг и моќната порака упатена од самитот на БРИКС, синхронизирајќи ги размислувањата со лидерите на самитот, вклучувајќи ги Индија, Русија, Бразил и Јужна Африка, и најавата за изготвен нов голем план за соработка на БРИКС;

– За суштинската карактеристика на економската и трговската соработка на Кина со европските земји, вклучувајќи и со Македонија, и обидите да се политизираат економските и трговските прашања;

– За Македонија, за која се планира да биде направена важна порта за подлабока интеграција на азископацифичката економија за одржлив развој на македонската, регионалната и на европската економија.

Суштинската карактеристика на економската и трговската соработка на Кина со европските земји, вклучувајќи и со Македонија, е да се постигнат заемна корист и победнички резултат. Сите страни треба да гледаат на инфраструктурната соработка меѓу Кина од објективен поглед и не треба да ги политизираат економските и трговските прашања, порачува амбасадорот Џанг Ѕуо

Разговорот со кинескиот амбасадор прочитајте го во целост во утрешното печатено издание на „Нова Македонија“