Фото: Маја Јаневска-Илиева

Како ќе биде запишана МПЦ-ОА, дали го загуби правото на придавката македонска? Кои се канонските правила за издавање томоси?

Именувањето на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) во диптихот на автокефалните цркви, откако Вселенскиот патријарх би издал Томос за автокефалност е едно од прашањата за кои македонската јавност се уште има дилеми.

Во одлуката на Вселенската патријаршија пишува дека „Како име на оваа Црква го признава ’Охридска‘ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија), како што нејзиниот Претстојател писмено ѝ вети на Вселенската патријаршија, која не го употребува терминот „Македонска‘, или друга изведенка од зборот „Македонија“.

Како ќе биде запишана МПЦ-ОА, дали го загуби правото на придавката македонска? Кои се канонските правила за издавање томоси?

Со оглед на тоа дека уставното име на Македонија е Република Северна Македонија, тогаш граѓаните го поставуваат прашањето дали тоа значи дека и нашата црква би се преименувала како православна црква на РСМ?! Според експертите, тоа е исклучено, и од формалноправен аспект и како обврска. Тоа е  „нон сенс” и таквото нешто не овозможува никаков правен континуитет со Охридската Архиепископија.

Имињата како Македонска, Руска, Српска се народни имиња на црквите и тие се дел од колективната меморија на народите. Според нив, така ќе биде и со МПЦ.

Мол­кот на Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква (СПЦ) по од­лу­ка­та на Все­лен­ска­та па­три­јар­ши­ја да ѝ приз­нае ка­нон­ски ста­тус на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква-Охрид­ска ар­хи­е­пи­ско­пи­ја (МПЦ-ОА) ста­ну­ва нај­го­ле­ма­та ми­сте­ри­ја за цр­ков­на­та јав­ност во пра­вос­лав­ни­от свет.

Си­те цр­кви че­ка­ат од­го­вор од СПЦ, но таа сѐ уште мол­чи. Што мо­же да се крие зад мол­кот, ка­кви ди­ле­ми и сце­на­ри­ја се во игра кај СПЦ?

„Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ истра­жу­ва­ше, а ин­фор­ма­ци­и­те ве­лат де­ка СПЦ ин­стант­но не­ма да се из­јас­ни во вр­ска со од­лу­ка­та на Все­лен­ска­та па­три­јар­ши­ја сѐ до прет­стој­ни­от со­бор на СПЦ, со ра­бо­тен ка­ра­ктер, за­ка­жан за 16 мај оваа го­ди­на. Со­бо­рот, кој ќе за­поч­не на 15 мај и ќе има све­чен ка­ра­ктер, од СПЦ ве­лат де­ка е со исто­ри­ска те­жи­на, за­што на не­го Срп­ска­та цр­ква ќе сла­ви 100 го­ди­ни од то­мо­сот за авто­ке­фал­ност из­да­ден од Все­лен­ска­та па­три­јар­ши­ја. Во спо­ме­на­ти­от то­мос на СПЦ, епар­хи­и­те од Ма­ке­до­ни­ја ѝ се да­де­ни на СПЦ.

Со­бо­рот поч­ну­ва во Срем­ски Кар­лов­ци, ло­ка­ци­ја што срп­ски­от со­бор ја одре­ди за нив­ни­от „исто­ри­ски мо­мент“, со ли­тур­гии за единс­тво на СПЦ, а ве­ќе след­ни­от ден ќе про­дол­жи во Бел­град, со ра­бо­тен дел на со­ста­но­ци.

Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова македонија“.