Во почетокот на 20 век, во Бугарија се печатеа голем број весници и списанија што се занимаваа со македонското прашање и револуционерната борба на Македонците за слобода. Токму тие весници и списанија се веродостојни историски извори, кои многу јасно ја образложуваат македонската кауза кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Особени се интересни текстовите објавени во списанието „Свето дело“, кое излегувало со поднасловот Македонско списание, во периодот 1902-1903 година. Од денешна перспектива, особено се интересни оние делови во кои суштински се пишува за „македонското ослободување“, „македонската слобода“ и „македонскиот народ“, како и за разграничувањето помеѓу „Бугарите и Македонците“.

Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“