Фото: Игор Бансколиев

Македонија со неколку настани го одбележи 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, потврдувајќи дека во клучните моменти застанала на вистинската страна на историјата и низ антифашистичката борба ги потврдила сопствената државност и афирмирањето на македонската нација.
Овој датум, несомнено, игра голема улога во поновата македонска историја и како симбол на македонските европски перспективи и идното членство во Европската Унија, како крајна определба за демократски и европски вредности.
Со неговото официјализирање како државен празник ќе се испрати силна порака и до Бугарија и до Европа, дека во генот на овој мал народ во срцето на Балканот длабоко се вкоренети антифашизмот и демократските вредности и дека нема да се дозволи никој да ја негира и изопачува историјата Со ваквата иницијатива за прогласување на 9 Мај за државен празник во Македонија целосно се согласува историчарот Тодор Чепреганов, според кого овој датум е исклучително важен за македонската држава.

Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“