фото: принтскрин

Кај музејот на вода нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Старата нова година.
На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино.
Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица, како и престојните празници Богојавленије, Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите.