По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, Градскиот дувачки оркестар попладнево одржа параден/маршовски концерт во центарот на Скопје.
Маршутата на движење се одвиваше од кај скулптурата „Бик“ на улица „Македонија“ кон плоштад „Македонија“.
Граѓаните со аплаузи го следеа настапот.
Градскиот дувачки оркестар е формиран во 2006 година на иницијатива на Младинскиот културен центар и на град Скопје. Во оркестарот членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност.

Видео: Маја Јаневска-Илиева