„Baby Shark“, детската песна снимена од јужнокорејската компанија „Пинкфонг“ стана најгледаното видео на сите времиња на Јутуб.

Видеото сега е гледано7,06 милијарди пати, надминувајќи го претходниот рекордер, песната „Despacito“ на латино поп-пејачот Луис Фонси.

Ако повторно се пушта без прекини, тоа ќе значеше дека „Baby Shark“ постојано би се стримувала вкупно 30.187 години.

Со ова видео „Пинкфонг“ само од стримување на Јутуб заработил околу 5,2 милиони американски долари.

Потребни биле четири години за „Baby Shark“да се најде на врвот на листата на најгледани видеа на Јутуб а всушност песната е многу постара.

Се верува дека потекнува од американските летни кампови во 70-тите. Една теорија вели дека е измислена во 1975 година, кога филмот на Стивен Спилберг „Ајкула 1“ стана хит ширум светот.

Постојат голем број варијации на основната тема меѓу кои се верзијата каде што сурферот ја губи раката од ајкула и друга во која умира главниот лик, како и повеќе меѓународни верзии.