Целосното затемнување на сонцето мина како спектакуларна небесна појава која ги фасцинира жителите на Јужна Америка, а феноменот го следеа илјадници луѓе кои се собраа за да бидат сведоци на истиот.

Како што пренесе Би-би-си, овој спектакл беа во можност да го набљудуваат и снимаат локалните ентузијасти, но исто така и најмоќните телескопи во светот.

Оние што го следеа ова затемнување можеа да уживаат во сите фази, проследени со неверојатни светлосни ефекти.

Првиот и единствен дел од Земјата во Тихиот Океан, кој се наоѓаше на патот на затемнувањето беше малиот остров Оен. Овој ненаселен остров бил во тотален мрак речиси три минути.