„Вирџин хајперлуп“ неодамна го тестираше со двајца патници својот истоимен суперсоничен воз во американската пустина во Невада. Револуционерниот начин на превоз, што пред неколку години го промовира милијардерот Илон Маск, користи вагони во форма на капсула кои лебдат во вакуум тунел, придвижен од супермоќен електричен мотор. Бидејќи Маск претпочита проектот да биде „отворен извор“ ставајќи ја идејата пред заработката, многумина се вклучија во проектот, вклучувајќи ја и компанијата „Вирџин“ на Ричард Бренсон.

Во следните пет години се планира да се изградат три линии со план за проширување на линиите на сите континенти. Мрежата е инспирирана од светскиот метро-проект дизајниран од Марк Овенден во 2003 година. Идејата е подземните линии да одат под морето каде што ќе можат да развиваат максимална брзина од 1.126 километри на час. Доколку овој проект се реализира, планетата би се поврзувала на глобално ниво со железнички линии што би биле поефикасни и поевтини од авиокомпаниите.