Додека фитнес-инструкторката Кинг Хнин Ваи танцуваше и демонстрираше вежби пред камера во Мјанмар, таа не можела ни да претпостави дека ќе се случи државен удар зад нејзиниот грб, пренесуваат светските медиуми.

Отпрвин, на видеото не се гледа ништо необично. Но потоа колона од оклопни возила влегува во кадар во позадина и станува јасно дека ситуацијата не е баш секојдневна.

Кинг, инструкторка по аеробик, во понеделникот го објавила видеото на Фејсбук.

Во тој момент, армијата на Мјанмар извршила воен удар, ги уапсила лидерката Аунг Сан Су Чи и другите демократски избрани лидери од истата партија. Армијата на тој начин ја презеде власта и прогласи вонредна состојба што ќе трае една година, а Сан Су Чи беше обвинета за изборна измама.

Додека армијата организираше државен удар, Кинг игра во ритамот на музиката за танцување, потполно несвесена за историскиот настан што се случува зад неа.