Жителите на Калифорнија во САД имаа спектакуларна глетка при осветлувањето на небото по лансирањето на ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс екс“, пренесува „Ју ес тудеј“. Синоќешното лансирање беше 17-то на компанијата за вселенски истражувања годинава, во рамките на мисијата за носење на аргентинскиот сателит „САОКОМ 1А“ за набљудување на Земјата, во вселената. Слетувањето на „Фалкон 9“, исто така беше успешно, по изведувањето на мисијата.