Можеби не може да дрибла и да забива, но роботот-кошаркар на Тојота, ретко промашува шут за три поени, пренесува „Њујорк пост“. Роботот висок два метра, погоди пет од осум шута за три поени.

Роботот, наречен „Кју 2“, врз основа на пресметки создава тридимензионална слика за тоа каде се наоѓа кошот, користејќи сензори кои се во неговото торзо, а потоа ги подесува моторите во своите раце и колена за да го изведе шутирањето на топката.

Обидите да се создаде робот во човечки димензии навестуваат повеќе можности за употреба на машините, од работење во фабрики за производство, па се до нивното функционирање во секојдневниот живот на луѓето.