Видео-снимката од таткото што ја влече својата ќерка низ аеродром во американската сојузна држава Вирџинија, држејќи ја за качулката од нејзината јакна, се прошири низ социјалните мрежи, привлекувајќи го вниманието на светските медиуми.

Патникот што го снимил интересното видео истакнал и оти ја забележал сестрата на девојчето која одела зад нив, носејќи патна торба и два ранци, додека влеченото девојче не делувало немирно.

– Таа не врескаше и не правеше ништо, додека друго девојче, веројатно нејзина сестра, одеше неколку метри зад нив, можеби бидејќи се срамеше – вели авторот на снимката. 

Корисниците на Јутуб го пофалија таткото за неговата постапка, истакнувајќи оти тој „заслужува медал“, односно дека „секој со мали деца може да го разбере“.