Кратки немири помеѓу демонстрантите и полицијата избија денеска во Париз, каде илјадници луѓе се собраа по повод Меѓународниот ден на трудот, под строги безбедносни мерки.

Во Париз се распоредени речиси 7.500 полицајци, а во близина на железничката станица Монопарнас полицијата фрли солзавец.

Некои од демонстрантите кои носеле качулки фрлале предмети кон полицијата, при што биле оштетени и возила.

По немирите, приведени се 165 лица.