Што би се случило ако нуклеарна бомба 100 пати поголема од онаа фрлена врз Хирошима погоди град со четири милиони жители? Тешко може да се замисли уништувањето предизвикано од таквата атомска бомба, но сигурно е дека би било катастрофално. Режисерот на документарни филмови Најл Халоган во неговата видео- симулација покажува како би изгледала експлозијата на атомска бомба во голем град, пренесува „Интерестинг инженеринг“.

Во видео-симулацијата направена од Халоган се покажуваат чекор по чекор сите фази од експлозијата, а режисерот објаснува колкумина би загинале во град од четири милиони жители. Халоган сака да се чуе неговата порака, сметајќи дека видеото треба да ги потсети сите за опасноста од модерното оружје.