Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе ги помине медицинските прегледи.

Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ и без двоумење застана и даде автограми и се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи.

Италијанските медиуми известуваат дека пречекот на Роналдо пред стадионот на Јувентус бил во холивудски стил, проследен со бучава и со светла поставени во близина.

Подоцна, Португалецот се очекува да биде официјално претставен и
како играч на Јуве, откако премина во Торино од Реал Мадрид за 112 милиони евра.