Универзитет „Бизнис брекјтру“ во Јапонија одржа церемонија за дипломирање на која студентите беа претставувани од роботи, пренесува „Гардијан“. Роботите наречени „Њуми“, кои студентите ги контролирале од нивните домови, биле облечени со капи и наметки за церемонијата. Роботите носеле таблет-компјутери на кои биле прикажани лицата на дипломците.

Универзитетот во Токио соопшти дека се надева оти пристапот би можел да се користи како модел за другите училишта кои сакаат да избегнат големи собири среде пандемијата. Јапонскиот премиер Шинѕо Абе прогласи вонредна состојба за главниот град Токио и уште шест префектури во период од околу еден месец.