Рускиот претседател Владимир Путин ги следеше воените вежби „Восток 2018“ на полигонот Цугол во Сибир. Тој ја пофали подготвеноста на трупите, кажувајќи дека тие „го демонстрирале нивниот капацитет за одбрана од потенцијални воени закани“.

Рускиот претседател нагласи дека Русија е мирна нација, но додаде оти државата треба да ја зајакне воената способност „за да биде подготвена да ги штити својот суверенитет, безбедност, националните интереси, и ако е потребно, да ги поддржи сојузниците“.