Британскиот принц Чарлс учествуваше во традиционален танц во текот на неговата посета во Гана. Тој ја прифати поканата на домаќините, од кои на подарок доби инструмент наречен калабаш.

Танцувачките способности на принцот од Велс поттикнаа бројни коментари на социјалните мрежи, каде што корисниците истакнаа оти тој игра подобро од премиерката Тереза Меј, која, исто така, танцуваше кога го посети Црниот континент.