Македонските претставници „Ај кју“ (Eye Cue) го имаа својот евровизиски настап со песната „Lost and found“, во арената „Алтис“ во Лисабон, на првата полуфинална вечер на 63-от Избор на песна на Евровизија.

Автор на музиката и на текстот е Бојан Трајковски, гитарист, композитор и вокал во „Ај кју“ во кое членува заедно со пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски. Автор на аранжманот на нивната композиција е продуцентот Дарко Димитров.

Во финалето ќе се пласираат 10 од 19-те учесници во првата полуфинална вечер.