Измина повеќе од една недела по смртоносниот колапс на рударската брана во сојузната држава Минас Гераис во Бразил, во која загинаа за 110 луѓе, а исчезнати се 238 лица. Најновиот видео-клип на британски „Гардијан“ го покажува моментот во кој браната колабира и силен бран на отпадни материи започнуваат да уриваат сѐ на својот пат.

Во близина на локацијата на несреќата се одржа церемонија во чест на загинатите и исчезнатите работници, кои на 25 јануари се соочија со несреќата. 

Властите во државата и организации за животна средина поради несреќата и ширењето на голем број отпадни материи започнаа да го тестираат квалитетот на водата околку рударскиот комплекс, додека федералната власт ги предупреди жителите на околните места да не ја пијат водата сѐ додека не се утврди дали таа е безбедна за пиење.