Македонската претставничка Мила Москов  имаше забележителен настап на 17-тата по ред „Детска евровизија“, изведувајќи ја песната „Fire“ во арената „Гливице“ во Полска.

Четиринаесетгодишната Мила, која настапи четврта, беше сама на сцената. Нејзината изведба доби силен аплауз од публиката. Македонската претставничка го освои шестото место со 150 поени. 

Мила го доби највисокото признание од интернационалниот портал „Дестинејшн јуровижн“ – сертфикат за најдобар евровизиски пакет според мислењето на читателите. Признанието и беше врачено на македонската претставничка пред сите присутни учесници и медиуми низ директен телевизиски пренос на полската национална телевизија.

Автори на „Fire“ се Лазар Цветковски, кој ја напиша музиката и го направи аранжманот, и неговата сестра Магдалена Цветковска, која го напиша текстот.

Вики Габор од Полска со песната „Superhero“ е победничка на „Детската евровизија“  според гласовите на националните жири-комисии и на публиката, пред Казахстан кој заврши на второто место, односно пред третопласирана Шпанија.