Џулијан Баумгартнер, кој е реставратор во „Баумгартнер реставрација за ликовна уметност“ од Чикако, работи на реставрација на икона „Аве Марија“. Оваа икона била направена во работилница специјализирана за изработка на икони, а е продукт на неколку мајстори кои не се потпишале за изработката на делото. Претходниот сопственик бил колекционер кој патувал низ Европа во 60тите години на минатиот век, па така од Европа ја донел иконата во САД. Процесот на конзервација е деликатен и напорен, но финалниот резултат открива како иконата најверојатно изгледала кога била создадена.