Индиски актер и неговиот пријател фармер неофицијано се прогласени за победници на „предизвикот на Кики“, по видеото на кое дуото танцува покрај плуг влечен од вол, на поле во индиската сојузна држава Телингана.

Луѓето кои го изведуваат предизвикот вообичаено излегуваат од автомобил во движење за да играат кога ќе ја слушнат популарната песна на Дрејк „In My Feelings“, додека возилото продолжува да се движи.

Полицијата ширум апелираше да престане изведувањето на „предизвикот на Кики“, откако повеќемина беа повредени при танцот што стана популарен на Интернет.